strumica denes logo

(ВИДЕО) СИТЕЛ: Семејство од Струмица поради грешен тест две недели е заглавено во домашен карантин!

Автор:

Датум:

јуни 23, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 23, 2020

Категории:

Струмица

Добиле негативни тестови на корона вирусот, но и покрај тоа мора да останат во домашна изолација. Семејството на струмичанецот Ѓорѓи Митров веќе десетина дена е принудено да седи дома иако тестовите покажале дека кај нив вирусот не е присутен. Се започнало на 12 овој месец кога неговата сопруга поради скршеница била примена во државна болница во Скопје за да се оперира. Согласно сите протоколи биле направени потребните анкети, а сопругата задржана на ортопедија. Следниот ден добиле информација дека таа е позитивна на вирусот и поради тоа ќе мора да биде префрлена во болницата 8-ми септември. Согласно протоколите Митров и неговите две ќерки останале во домашна изолација, а преку социјалните мрежи ги известиле и сите кои претходно имале контакт со нив. 30 часа после првото, на неговата сопруга и било направено ново тестирање. Овој пат резултатите биле негативни. Негативни резултати добила и од третиот тест. Поради ова лекарите во 8-ми септември решиле да ја изолираат од лицата кои овде се лекуваат од корона вирусот.

И покрај инсистирањето семејството на Митров не добило тестирање па се одлучил тоа да го направат во приватна болница. Сите тестови биле негативни. Врз база на нив побарал од државниот санитарен инспектор да им биде укинато решението за изолација. Од таму добил негативен одговор и упатен во центарот за јавно здравје од каде што добил сличен одговор. Се обратил до државниот кризен штаб, но и од таму му одговориле дека не се надлежени за неговиот проблем.

Целосната вест може да ја видите со кликнување ОВДЕ
Извор: СИТЕЛ