ВИДЕО ПРИЛОГ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС: АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕР ГО СМИРИ ПОЖАРОТ КОЈ СЕ ШИРЕШЕ КОН „ТУРИЈА“

септември 4, 2019

По барање на општина Василево до Дирекцијата за заштита и спасување, вработените од Шумското стопанство-Беласица со помош на армискиот хеликоптер, го смирија пожарот кој се прошири кон акумулацијата „Турија“. Никола Ристов од шумското стопанство „Беласица“ од Струмица за портал Струмица Денес изјави дека огнот е ставен под контрола и нема потреба за дополнителна паника кај граѓаните, бидејќи огнот најверојатно нема повеќе да го загрозува струмичкиот регион, но се стравува дека може повторно да навлезе во Радовишко.

Како што изјави тој, 20 луѓе вработени во шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, секојдневно од наутро до навечер се бореа со огнената стихија. Никола Ристов упати голема благодарност во ловџиите и пчеларите кои секојдневно помагаа за гаснење на пожарот.

Инаку, досега пожарот има изгорено повеќе од 230 хектари разновидна шума.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: