Драгана Костова од Струмица повторно го освои жирито на музичкото натпревување „Ѕвездите на Гранд“ со емотивната изведба на „Тајно моја“ од Тоше Проески. Таа приреди вистински спектакл на сцената. По песната на Тоше, ја испеа и „Танго“ од Ивана Петерс, песни кои беа нејзината карта за директен пласман во следниот круг!
Нејзиниот настап се наоѓа на 45 минута.