Ви благодарам што се кренавте на нозе за мене: Собрани околу 90.000 евра за лекувањето на Никола, недостигаат уште над 20.000 евра!

април 18, 2023

Матурантот Никола Георгиев, кој вчера се врати од Турција, каде му биле направени испитувања за утврдување на текот на лекувањето, јавно се заблагодари на големата хуманост од народот. Тој открива дека досега се собрале околу 90.000 евра од донации, а потребната почетна сума за лекувањето изнесувала над 110.000 евра.

На младото момче од Скопје пред два месеци му бил дијагностициран карцином на коски. Во разговор за ,,Фокус” тој порача дека верува во хуманоста на нашиот народ, и дека со сите сили ќе се бори против болеста.

-Во текот на вчерашниот ден заедно со тимот на Медикал Караџи Турс Македонија се вративме од Турција каде ми беа направени потребните испитувања и се утврди текот на моето лекување. На 24-ти април после Велигденските празници ќе заминам повторно во Р. Турција каде ќе започне моето лекување со соодветните хемотерапии.
Немам зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност и со кои би можел да ви се заблагодарам на сите вас што ми помогнавте на било каков начин, што дониравте, што се организиравте за мене, што ми дадовте уште повеќе сила.

Ме чека долг пат, многу терапии, испитувања, борба, но не се откажувам и Ви ветувам дека сега сум уште посилен, знаејќи и гледајќи колку само луѓе застанавте зад мене, како сите се кренавте на нозе за мене со цел да се соберат потребните парични средства и што побрзо да започнам со лекувањето. Лекувањето кое се утврди дека за почеток ми е потребно и морам да го започнам чини 110.000 евра и благодарение на сите вас успеавме да собереме 90.000 евра, сума која ми беше недостижна и за која мислев дека ќе треба многу време за да ја соберам-информира Никола.

Додава дека е уверен како со помош на хуманите луѓе ќе се собере и преостанатиот износ.

Сите кои сакаат да се вклучат во оваа хумана акција, може да донираат на телефонските линии или пак на жиро сметка.

Броеви за донирање:
143 117 Телеком
143 488 А1

Стопанска банка 200003717578051 –
Девизна сметка MK07200004066300617
Никола Георгиев

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ