strumica denes logo

(ВЕСТ НА ФАКТОР) ТОП ДРЖАВНИ ДОЛЖНИЦИ: Помеѓу нив е и „Комуналец“-Струмица кој должи 3,7 милиони евра!

Автор:

Датум:

ноември 18, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 18, 2019

Категории:

Струмица

Како што пишува „ФАКТОР“ државните институции, министерства, општини, здравствени установи и јавни претпријатија, во моментов вкупно должат 279 милиони евра. Последниот извештај на Министерството за финансии за септември годинава говори дека доспеани, а неплатени обврски имаат дури 1.162 трошачи на јавни пари.

„ФАКТОР“ пишува дека најголем должник е државната компанија „Македонски железници“ Транспорт Скопје, чии долг не само што не се намалува со текот на времето, туку оди и нагоре, па сега тежи дури 52 милиони евра. Тие во својот текст напишаа дека исто така и „Комуналец“-Струмица должи 3,7 милиони евра. Со кликнување ОВДЕ може да ја погледнете оригиналната вест.

Извор: ФАКТОР.МК