strumica denes logo

ВЕШТАЧКИ БУБРЕГ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИ ИДНИНАТА НА ТРАНСПЛАТАЦИИТЕ!

Автор:

Датум:

септември 11, 2023

Автор:

Датум:

септември 11, 2023

Лекувањето на бубрежната слабост моментално подразбира часови поминати поврзани со машини за дијализа или трансплантација на органот. Но, има надеж за нова опција во не толку далечна иднина – вештачки имплант.

Научници развија биореактор кој користи клетки од човечки бубрег одгледани во лабораторија и имитира некои од клучните функции на бубрегот. Направата е успешно тестирана на свињи цела недела и немало очигледни проблеми или несакани ефекти.

Тимот од Универзитетот на Калифорнија, Сан Франциско, се надева дека направата може да се адаптира за да вклучува поголем спектар на видови бубрежни клетки и да се спои со друг инструмент за да го филтрира отпадот од крвта.

-Биовештачкиот бубрег ќе го направи лекувањето на бубрежните болести поефикасно и многу потолерантно и поудобно – изјави биоинженерот Шуво Рој.

За да добиете слика колку е сериозен проблемот, треба да знаете дека на повеќе од половина милион лица само во САД им е потребна дијализа неколку пати неделно. Секоја година таму се вршат околу 25.000 трансплантации на бубрег и тие се проследени со силни терапии за да се осигури дека телото нема да го одбие органот.

Клучно е што нема индикации дека биореакторите го испровоцирале имунолошкиот систем на свињите. Научниците употребиле силиконски мембрани за да ги заштитат клетките на бубрегот од напад и да ја одржат малата машина да работи тивко и ефикасно во заднина, слично како пејсмеркер за срцето.

Сѐ уште треба да почекаме за ваква направа да проработи во човечко тело, но раните знаци се ветувачки. Следуваат испитувања на животни и ако бидат успешни, би требало да почне тестирање на направата и кај луѓе со бубрежни слабости.

Истражувањето е објавено во „Нејчр комјуникејшнс“.