Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
🏗Денеска, за време на Европската недела на мобилност со огромна чест и задоволство ве информирам дека започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица со што Проектот „Струмица – Паметен вело град“ станува реалност.
🚴♀️🚴Урбаната мобилност со велосипед има огромен потенцијал во Струмица бидејќи најголем дел од патувања се на блиски растојанија, а поголем дел од градот е на рамен терен. Велосипедот е транспорт погоден за климата, погоден за здравјето на човекот, погоден за семејниот буџет.
🇪🇺Вкупната инвестиција изнесува 295.000 евра обезбедени од Европската Унија. Ние знаеме да да го менаџираме општинскиот буџет, но знаеме како и да ги користиме европските фондови.
Во Струмица „Сè е блиску“…