На 14 април 2026 година (вторник), „Елеуса Фондација“ ќе организира Велигденски хуманитарен концерт во Струмица, во соработка со ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје.
Концертот ќе се одржи во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, а истиот има за цел да обедини хуманост, култура и празничен дух во пресрет на Велигден.
Влезниците за настанот се по цена од 250 денари и веќе се пуштени во продажба. Граѓаните можат да ги набават во Оптика „Сфера“ како и во билетарата на НУЦК „Антон Панов“.
Од „Елеуса Фондација“ упатуваат покана до сите граѓани да бидат дел од овој хуманитарен настан и заедно да придонесат кон поддршка на оние на кои им е најпотребна.
Се очекува концертот да привлече голем број посетители и да понуди богата музичка програма исполнета со традиционални и уметнички изведби.
























