ВЕЛИГДЕНСКА ПОЗИТИВА: Ване Мирчев од Просениково кој живее и работи во Германија, отвори сметка во продавница за сите што не се во можност да го купат она што им е потребно за Велигденска трпеза!

април 17, 2023

Велигден се празнува преку хуманост. Еден таков пример ни доаѓа од Просениково, струмичко. Ване (Макс) Мирчев кој живее и работи во Германија пред Велигден сподели фејсбук статус во кој наведува дека отворил сметка во продавница во Просениково за сите оние кои не се во можност да го купат она што им е потребно за Велигденската трпеза. Мирчев објави дека секоја фамилија има до 2.000 недели.

„Благодарен сум на Бога за тоа што го имам и сакам да помогнам и на останатите кои немаат. Информиран сум дека досега во продавницата биле околу 40 фамилии. Христос Воскресе-Навистина Воскресе.“, вели Ване за Струмица Денес.

Инаку, Ване е вклучен во повеќе хуманитарни акции во Македонија и странство и е еден голем пример за сите нас.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: