Важно за пензионерите: Наскоро ќе ја добијат помошта од Владата, а еве кога ќе се исплаќаат пензиите!

декември 28, 2023

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека во четврток ќе биде исплатена првата транша од деветтиот антикризен пакет, меѓу кои и финансиската поддршка за пензионерите со ниски примања.

Редовните пензии, како што изјави, ќе бидат исплатени на 2 јануари.

Пензионерите ќе добијат финансиска помош соодветно на која категорија припаѓаат, а редовните пензии се исплаќаат секој први во месецот. Први јануари е неработен ден, така што на втори јануари ќе ги имаат парите на своите трансакциски сметки сите пензионери, рече Тренчевска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ