strumica denes logo

ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ ЗА СТРУМИЦА ДЕНЕС: Со душа чекам да ги испеам песните на Тошe!

Автор:

Датум:

август 5, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 5, 2019

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Се наближува денот до долгоочекуваниот концерт „Tрибјут на Тоше”, кој оваа година повторно на 14ти Август во 21 часот со ритамот на срцето на градот е дел од веќе реномираниот фестивал – СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТ.

Подготовките за концертот се во тек, и по тој повод го контактиравме еден од нашите најдобри пјеачи – Васил Гарвалниев кој ќе настапи заедно со Александра Јанева и Марко Logout

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Васил, долго време не живееше во Македонија, што најмногу ти недостасуваше?

ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ: Ако за нешто ми е криво што долго време не живеев во Македонија е и причината што пропуштив значително време без да растам и редовно да слушам македонска музика. Веќе неколку месеци секојдневно ги слушам песните на Тоше, и искрено не знам како да го опишам тоа чувство. Тоа е нешто слично како одново да се заљубуваш . Секоја негова песна е приказна сама за себе , имаат многу искрени емоции, неверојатен сензибилитет и интерпретација. Му благодарам од се’ срце што за толку кратко придонесе толку многу, и и подари на Македонија толку убава музика. Дел од песните не престанувам да ги пејам, со душа чекам да настапам со неговите најголеми хитови!

СТРУМИЦА ДЕНЕС:  После колку време настапуваш во твојот роден крај? Што очекуваш од струмичката публика?

 ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ: Мојот последен соло концерт беше во амфитеатарот исто така во склоп на Опен Фест, и таа вечер никогаш нема да ја заборавам, а ова ќе биде мојот прв поп концерт досега. Струмица е градот со најголема забава и сум многу горд за тоа, а ние „струмичаанто“ сме докажана најраспеана и највесела публика. Заедно со Александра и Марко ќе направиме забава за паметење! Се гледаме кај чешмичката во паркот!

Инаку, Васил веќе една година е вратен во родното место, и по овогодинешниот најуспешен настап на Евровизија со Тамара во улога на бек вокал е во завршен процес на нови музички проекти кој ќе ги промовира на почетокот на септември.

ФОТО:СТОЛЕ АНГЕЛОВ