УТРЕ ВО СТРУМИЦА ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА НОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ!

мај 31, 2023

Утре, 1 јуни 2023 година во 12 часот во Салата на Советот на Општина Струмица во Домот на АРМ ќе се одржи ЈАВНА ДЕБАТА за подготовка на новиот предлог Закон за родова еднаквост.

ЈАВНАТА ДЕБАТА има за цел да се даде поширок придонес во заедничкиот напор за изработка на финалната верзија на Законот.

Ова е можност ние граѓаните да се вклучиме во ЈАВНА ДЕБАТА за законско решение кое го тангира целокупното наше живеење, нашите животи, правата на децата, и рамноправноста и еднаквите можности меѓу мажите и жените.

Секако дека и медиумите можат и треба да го дадат својот допринос во тоа јавноста да не биде лишена од увид во самата дебата која што е ЈАВНА.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ