strumica denes logo

УТРЕ ВО СТРУМИЦА ВО 18:00 ЧАСОТ, СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА СПОМЕН КУЌАТА НА БЛАГОЈ ЈАНКОВ – МУЧЕТО НА КОЕ ЌЕ ПРИСУСТВУВА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ И МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ!

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица ги информира граѓаните дека часот на свеченото отворање на Спомен куќата на народниот херој Благој Јанков – Мучето е променет.

Со овој значаен настан се оддава почит на неговото дело и жртва, а воедно се отвораат вратите за сите љубители на историјата, културата и традицијата да ја почувствуваат автентичната меморија на едно време.

Свеченоста ќе се одржи на 25 септември 2025 година со почеток во 18:00 часот.