🎭 Секој може да биде дел од забавата и дел од конкуренцијата за ПРИНЦ и ПРИНЦЕЗА на маскенбалот во петок! 👑
Овој петок на Струмички маскенбал во Хотел Сириус (21:00), сите маскирани гости имаат шанса да влезат во трката за ПРИНЦ и ПРИНЦЕЗА на маскенбалот!
Немора да сте „професионалци“, доволно е да имате креативна маска, став и карневалска енергија!
Карти може да набавите во хотел „Сириус“.
Публиката ќе ве забележи, атмосферата ќе си го каже своето, а ние ќе ја бараме највпечатливата појава на вечерта!
🎶 За забавата ќе се погрижат Панта Реи & Ике Де Кока!
Да ја направиме вечерта незаборавна! 🎭💙👑




























