Perdormire
Струмица

УТРЕ ВО ДОМОТ НА АРМ ВО СТРУМИЦА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПЕТТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА НА БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ!

На ден 28.11.2019 година (четврток) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала), ќе се одржи Петтата форумска сесија на Буџетскиот форум во Општина Струмица 2019/2020 година.

На оваа сесија учесниците ќе имаат можност да учествуваат во изборот на приоритетна програма/проекти за реализација од буџетот на општина Струмица за 2020 година.

Присуството и активното учество на граѓаните ќе биде од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година, со што ќе ја потврдиме транспарентноста и партиципативноста на граѓаните во креирањето на буџетот и општинските политики.