Македонија денеска се соочи со екстремно високи температури. Највисоката измерена максимална температура беше 42°C во Велес, Демир Капија и Гевгелија, додека најниска беше на Попова Шапка – 26°C.
Во Скопје, Битола, Штип и Струмица се измерени 40°C, додека Кавадарци со 41°C влегува меѓу најжешките градови за денот.
Времето денес беше сончево и многу топло, со слаба до умерена облачност и променлив ветер кој не донесе никакво освежување.
До крајот на денот ќе се задржи стабилно, сончево и топло време. Во текот на ноќта се очекува ведро небо со слаб променлив ветер.
Утре не се очекува олабавување на горештините. Времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен, а на моменти и засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 23°C, а максималните од 37 до дури 43°C.
Прогноза за наредните денови:
Во сабота продолжуваат пеколните температури, локално до 43°C. Од недела следува благ пад на температурите, а ќе се зголемат и условите за локални поројни дождови и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе мало освежување.
Метеоролозите апелираат до граѓаните да избегнуваат директна изложеност на сонце, особено во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да внимаваат на своето здравје, особено хронично болните, постарите лица и децата