Уште поубава дрогерија на старо место: dm ја отвора реновираната дрогерија во Струмица!

јули 26, 2023

Речиси еден месец по затворањето на dm дрогеријата во Струмица заради реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 27 јули повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на ул. Климент Охридски бр. 51ј, во склоп на трговскиот центар Ston´n´Shop.
Дрогеријата на dm во Струмица беше затворена минатиот месец, со цел нејзино разубавување и реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.

На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:

★ -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ
★Повеќе од 9.500 производи по СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени
★Речиси 4.700dm марка производи со германски квалитет по супер цени
★Со секоја сметка над 500 денари Подарок Balea гел за туширање
★Со секоја сметка над 2.000 денари ПОДАРОК масажер за лице и тело.

Покрај попустот кој ќе трае3 дена (27.7-29.7.2023), на денот на отворањето сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ.
Како и на секое отворање и реотворање на dm, така и сега,општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ЈЗУ Општа болница – Струмица.
Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Работното време на оваа дрогерија ќе биде: понеделник до сабота од 9 до 22 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ