УМЕТНИЧКА ВЕЧЕР ВО СТРУМИЦА СО ПОЗНАТИОТ АКТЕР ИВАН БОСИЉЧИЌ НА 10 МАРТ!

февруари 10, 2024

Фондација ,,Елеуса” ја најавува уметничката вечер на познатиот актер Иван Босиљчиќ наречена „Наша вечер“, која ќе се одржи на 10 март во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица. Билетите по цена од 1.000 денари се пуштени во продажба во ТА Нова Травел во Струмица.

„Публиката ќе има можност да ужива во стиховите на познати поети и познати мелодии кои во интерпретација на Иван внесуваат возбуда и емоции единствени на овие простори и во овие времиња. Оваа музичка изведба е искрена актерска исповед која публиката ќе ја поздравува со долги овации“, се вели во најавата на музичко-поетската вечер.

Забавата со Босиљчиќ и песните на Есенин, Симонов, Бодлер, Шантиќ, Ракиќ, Радичевиќ, Дедиќ, Антиќ, Рајиќ…, ќе започне во 20 часот, а програмата е спој на различни уметнички форми, со третман на популарни музички теми од 60-тите до денес. Покрај поезија, ќе има и филмска музика, руски романси и современа поп-музика. Во соопштението се наведува дека „Наша вечер“ ја носи возбудата од драмските изведби и музичкиот квалитет на концертот, а формата е посебна и ретко се гледа на овие простори.

„Публиката ги дочека настапите на Босиљчиќ со интензивни емотивни реакции, како во големите концертни сали, така и на театарските сцени во Белград, Нови Сад, Скопје, Подгорица, како и во речиси сите градови од регионот. Босиљчиќ беше пречекан од публиката на турнеи во Австрија, Швајцарија, Норвешка, Шведска, Канада и Исланд“, велат организаторите.

Повеќе од една деценија Босиљчиќ, покрај богатата телевизиска, филмска и театарска кариера, пред љубителите на поезијата и музиката презентира и авторски проекти. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и Стеријина, а познат е и по десетици успешни телевизиски улоги.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ