УХМР: Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни

март 15, 2023

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.

Температурите во Струмица ќе се движат од 4 до 10 степени целзиусови

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: