УХМР: ВРЕМЕТО ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ ОБЛАЧНО СО ВРНЕЖИ ОД ДОЖД КОИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ЌЕ БИДАТ ПОРОЈНИ И ОБИЛНИ

април 2, 2023

Облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Температурите во Струмица ќе се движат од 7 до 13 степени целзиусови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ