Perdormire
Струмица

Училниците во СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ќе се опремуваат со прочистувачи на воздух!

Просториите во СОУ „Јане Сандански“ каде учениците поминуваат најголемиот дел од својот училишен ден ќе се опремуваат со уреди кои го прочистуваат внатрешниот воздух. Пет вакви прочистувачи на воздух денеска беа донесени во училиштето и наскоро ќе почнат да се користат во неколку училници!

Овие уреди служат за отстранување на контаминација односно на загадување од материи или заразни бактерии во една просторија. Тие се корисни во подобрувањето на квалитетот на воздухот во просторијата (Indoor Air Quality, IAQ).

Прочистувачите беа доделени преку јавен оглас распишан од страна на Владата на кој аплицираше нашето училиште. Како што не информираше директорката Невенка Стојанова ова е прва фаза и се очекува понатаму училиштето да добие повеќе вакви уреди.

Аплицирањето училиштето на овој оглас се должи на заложбата како институција да изградиме чиста еколошка средина за нашите ученици, учествувајќи со свој дел во борбата за поздрава животна средина, преку тоа подигајќи ја и свеста на нашите ученици за одговорноста кон животната средина.

Покрај ова СОУ „Јане Сандански“ – Струмица во моментов работи на уште неколку проекти кои се важни за еколошката свест. Истите ќе бидат најавени од директорката преку видео запис пред крајот на годината, заедно со останатите проекти на кои оваа година работеше училиштето.