strumica denes logo

УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ ПОВТОРНО СЕ ПОЛНИ СО УЧЕНИЦИ!

Автор:

Датум:

септември 1, 2025

Автор:

Датум:

септември 1, 2025

Денеска, 1 септември, започна новата учебна година во основните и средните училишта низ државата. По летниот распуст, учениците повторно седнаа во училишните клупи, исполнети со возбуда, радост, но и мала трема пред новите предизвици.

Првиот училишен ден секогаш носи посебна атмосфера, училишните дворови беа исполнети со детска радост, среќни насмевки и прегратки од соучениците кои повторно се среќаваат. Особена емоција има кај најмалите, првачињата, кои денеска за првпат зачекорија во училишните ходници и добија добредојде од наставниците и родителите.

Надлежните институции посочуваат дека училиштата се подготвени за почеток на новата учебна година, а наставниот кадар со нетрпение ги очекува учениците заедно да го започнат процесот на учење и воспитување.

Првиот септември отсекогаш бил симбол на нов почеток, нови пријателства и знаења. Учениците, наставниците и родителите денеска заеднички го одбележаа стартот на учебната година со желби за успешни месеци исполнети со труд, знаење и постигнувања.