Учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица постигнаа значаен успех на државниот натпревар по биологија, освојувајќи едно прво место, три трети места и една пофалница.
Сара Јованова, ученичка од IV-8 одделение, се закити со прво место, што претставува највисоко признание на овој престижен натпревар.
Трето место освоија дури тројца ученици: Васко Трајков од IV-8, Ѓорги Ѓорѓиев од III-9 и Благоја Диков од II-10 одделение, покажувајќи одлично познавање и високо ниво на подготвеност.
Дополнително, Симона Тушевска од III-9 одделение доби пофалница за своето учество, со што уште еднаш се потврдува посветеноста на учениците и наставниот кадар кон природните науки.
Успесите на овие ученици се резултат на нивната упорна работа, но и на квалитетната настава и поддршка која ја добиваат од своето училиште. СОУУД „Димитар Влахов“ им упати честитки и им посака уште многу идни успеси.