Група ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, заедно со своите професори престојуваа на повеќедневна практична работа во Сандански, Република Бугарија. Во рамките на овој проект од Еразмус + програмата со поддршка на директорот Димитар Ѓорѓев, а под водство на професорите ментори Томе Тимов, Ивана Ѓорѓева и проект менаџерот Зоран Ристов-Патриков, учениците можеа да ги стекнат неопходните практични вештини за да бидат имплементирани побрзо и полесно на пазарот на трудот. Затоа што целта на образованието во земјоделскиот сектор е да се создадат кадри со висок квалитет на практични вештини, а не само теоретски знаења.
Заедно со партнерот IVEM LIFE LTD, се развива програма за различни практики во Бугарија, што е во согласност со наставната програма на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица и вклучува стекнување искуство во модерна и успешна био-фарма која развива автоматски системи, модерни техники и алатки, искористувајќи иновативни пристапи во растителното производство и сточарството, како и со богато искуство во агроекологијата и винарството.
Програмата за пракса е разработена во согласност со целите на проектот за зголемување на компетенциите на корисниците во конкретната област, зголемување на претприемничките вештини на младите. Усвојувањето на знаења и искуства од областа на агробизнисот и управувањето со малите и средни семејни фарми е поврзано со развојот на руралните области во Македонија, а особено во областа на Струмица. Програмата, исто така, ги вклучува следните активности: „Од градината – на маса“ – подготовка на храна од производите произведени на фармата, „Био Холидеј“ – практични фарма-активности поврзани со услуги на клиентите во рурален туризам, објект како можност за развој на агробизнисот, „Маркетинг иновации во агробизнисот“ и „Работилница за претприемништво за идеи“.
Од училиштето „Димитар Влахов“ велат дека целите на проектот се надградување на знаењата, практичните способности и професионалните компетенции на учениците, подобрување на капацитетот на училиштето преку зајакнување на воспоставено меѓународно партнерство, трансфер на добри практики во стручна обука, поттикнување на развојот на европскиот простор за учење во текот на животот и подигање на свеста во врска со ова прашање со цел да се поддржи модернизацијата на системите за образование и обука во аграрниот сектор.
Ученици од средното училиште „Димитар Влахов“ престојуваа на практична работа во Сандански
Денес се празнува Преподобна Ефросинија
Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога.…
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
Денес утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите…
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ И ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО!
ЈПКД „Турија“, Василево ги информира жителите од населените места во општина Василево, (Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и…
На 05.10.2024 во 20.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода Х.Д.(33) од Струмица. Тој…
По долго и топло лето, не очекува најстудената зима во последните 10 години. Професорот на Географскиот факултет во Белград Александар…
СУБФЕРТИЛНОСТ И КАКО ДА ГИ ЗГОЛЕМИТЕ ШАНСИТЕ ЗА БРЕМЕНОСТ? НЕДЕЛНА РУБРИКА СО Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ!
Субфертилноста е честа причина за загриженост и анксиозност кај младите брачни парови. Термините инфертилитет и субфертилитет често се користат заедно…