Perdormire
Струмица

УБАВИ ВЕСТИ: СТРУМИЧАНЕЦОТ ТОМЕ ЈАНЕВ ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО РУСИЈА, НА ФЕЈСБУК СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА СИТЕ!

Томе Јанев:

Драги пријатели, роднини,сограѓани, познаници и сите кои ме поддржувавте и ме поддржувате најнапред сакам да ви се заблагодарам од срце што поради вас сите сум тука каде што сум и имам шанса да се лекувам со надеж за подобро утре. Оваа е една од многуте битки пред која ми предстои многу борба и труд,но со ваша помош верба и поддршка мислам дека можам да ја постигнам зацртаната цел. Докторите овде имаат позитивно мислење и став околу мојата состојба, уште се прават додатни испитувања но велат дека добро е што уште дијагнозата е во рана фаза и дека прогресијата може да биде стопирана. За жал некои ми го свртеа грбот кога ми беше повеќе од потребно, но тоа ми дава уште повеќе волја и мотив за понатаму.

За крај премалку е уште еднаш да ви кажам Ви благодарам од срце за се што правите за мене, Бог е голем, да ви даде само здравје, бидејќи на крајот на краиштата се друго може да се направи или купи.

Фала Струмица, фала Македонија
Среќни празници и секое добро на сите ❤️❤️