УБАВА ВЕСТ: ВИКТОРИЈА ОД ГЕВГЕЛИЈА ЈА ПОБЕДИ И НАДМИНА БОЛЕСТА И СЕГА Е ДОМА!

февруари 4, 2022

Малата Викторија од Гевгелија конечно е дома откако ја победи и надмина болеста. Викторија се лекуваше во Турција и Македонија а нејзината мајка Мери им се заблагодари на сите кои помогнаа во нејзиниот процес на лекување.

„Драги хумани пријатели, чест и задоволство ни е да ве известиме дека битката што ја водиме 1 година ја издвоивме со Viktoria (победа) благодарение на сите вас. Јас и целото мое семејство сме благодарни на сите што помогнавте да се излечи нашата ќерка Викторија. Слава на Бога Викторија е добра, се вративме денес од Турција. Ви благодариме на сите кои ве имаше во многу голем број, и што видовме дека и на денешно време има се уште добри луѓе……. почнувајќи од почетокот на лекувањето па се до крај. Процесот на лекување беше доста долг, тежок и критичен, но заврши со успех. Исто така, голема благодарност до сите лекари и медицински сестри во Македонија и Турција кои одговорно и со љубов си ја завршија работата. Господ да Ве благослови сите со радост многу поголема од нашата.“ – напиша нејзината мајка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ