УАПСЕНО 26 ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД С.СУШИЦА – ПРИ ПРЕТРЕС БИЛА ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА, ВОЗДУШНА И ЛОВЕЧКА ПУШКА И ПАТРОНИ!

март 7, 2024

На 06.03.2024 во 16.30 часот во село Сушица, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Л.Д.(26) од село Сушица. При претреси на две локации во селата Сушица и Турново, кои ги користел Л.Д., извршени со судски наредби, биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка, воздушна пушка и повеќе патрони за ловечка пушка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против Л.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ