На 28.04.2025 во 17.20 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Г.(43) од Струмица. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, каде била пронајдена дигитална вага со остатоци од прашкаста материја, а при претрес на лицето биле пронајдени пет најлонски пакувања со кафена прашкаста материја, пет најлонски пакувања со грутчеста материја и пари. В.Г. е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
УАПСЕН СТРУМИЧАНЕЦ – ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ХЕРОИН, ВАГА И ПАРИ КАЈ 43 ГОДИШНИК!

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: