strumica denes logo

Тутунот во Македонија е со помал род, ама со одличен квалитет!

Автор:

Датум:

септември 6, 2023

Автор:

Датум:

септември 6, 2023

Иако годинава тутунот е со одличен квалитет и е засаден на поголеми површини за разлика до лани, според првичните процени количините годинава ќе бидат од 30 до 40 отсто помалку од минатата година поради временските услови и непогоди. Според тутунарите, годинава ќе има вистинска борба помеѓу откупувачите кој да откупи повеќе тутун, а поради тоа тие се надеваат и зголемување на откупната цена, објави ТВ Сител.

– Во секој случај ние уште пролетоска, пред да се насади тутунот баравме и ќе стоиме до крај на тоа да се покачи цената, не само за оваа година затоа што е помалку тутун, туку и за наредна година за да можат тутунопроизводителите и покрај малата количина годинава да преживеат – вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Дел од земјоделците бараат и помош од државата во копање на бушотини за наводнување, затоа што велат дека тоа е неопходно за да биде тутунот исплатлив во време на климатски промени и немањето на хидросистем во поголемиот дел од полето во Прилепско. Откупувачите годинава според договорите бараат 26.600 тони тутун. Лани имаше 21.000 тони.