strumica denes logo

ЦИГАРИ, АЛКОХОЛ, ПАРФЕМИ И ПАРИ: Еве колку смеете и што смеете да носите за влез и излез од земјава!

Автор:

Датум:

јули 14, 2023

Автор:

Датум:

јули 14, 2023

Со оглед на тоа што е сезона на одмори и многумина излегуваат надвор од државата, Царинската управа на Македонија, објави детален список за тоа што смее а што не смее да се носи при влез и излез од земјата. Дополнително, за она што е дозволено, објавена е детална количина.

„ ШТО МОЖЕТЕ ДА НОСИТЕ ПРИ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА?ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН• 200 ЦИГАРИ

• 100 ЦИГАРОЛОСИ

• 50 ПУРИ

• 250 гр. ТУТУН

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ• 2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%

• 1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%

ДОЗВОЛЕН ВНЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА• ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €

ИЗНОСОТ ОД 2-10.000 € ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВИТЕ И ДА ПРИЛОЖИТЕ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО ОД БАНКА ИЛИ МЕНУВАЧНИЦА

• ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €

СЕКОЈ ИЗНОС НАД 10.000 € ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ• ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ

• ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДАСТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ

ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА

* (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИЗА СЕКОЈ ДОМАШЕН МИЛЕНИК СОПСТВЕНИКОТ ТРЕБА ДА ИМА:• ПАСОШ

• ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ“ соопштија од Царинската управа.