Цената на оризот на светските берзи порасна за 25 % – ќе јадеме ли драстично поскап ориз?

септември 11, 2023

Раст на цените на оризот на светските берзи и до 25% откако Индија објави дека воведува забрана за извоз на ориз заради сиромашната жетва како последица на клиамтските промени.

Индија која има 40% удел во извозот во светот со 22 милиони тони годишен извоз со последната одлука за да обезбедат ориз во доволни количини и тој да биде ефтин за своите 1,3 милјарди жители предизвика сериоз удар на пазарот кој допрва се очекува да се почувствува во уште подраматични размери. Но овие случувања засега не допираат до земјоделците во кочанско кои повторно пред жетва излегоа на протест за да бараат реални откупни цени за да можат да ја пребродат годината. Тие бараат откупните цени годинава да не бидат под 60 денари за килограм арпа бидејќи заради недоволно вода и заради болести родот е преполовен.

Оризо производителите бараат комисијата за спречување на конкуренцијата да се вклучи во решавање на нивниот проблем бидејќи со години неколкуте откупувачи пред почетокот на есента ги договараат откупните цени на нерални ниско ниво и ги уценуваат земјоделците да им го земат оризот по багателни цени дури и во години како оваа кога нс светско ниво има недостиг од ориз.

Освен новите цени на оризот деновиве се најавуваат и нови цени на свинското месо откако изгубивме преку ноќ фарма која снабдуваше 20% од пазарт заради болеста африканска свинска чума. Раст на трошоците за живот бележи и статистика и тоа 8,3% во август во споредба со истиот период лани а тоа се гледа и од синдикалната кошничка која за август тежела 49 345 денари. Министерот за финансии Бесими пак вчера рече дека со новиот ребаланс се обезбедуваат повисоки плати за администрацијата и за пензиите како и 9 ти пакет на антикризни мерки кои имаат за цел намалување на ценовните притисоци на граѓаните.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ