Технолошкиот гигант Apple објави дека воведува дигитална штедна книшка за корисниците на Apple Card која ќе понуди годишен принос од 4,15 проценти.
Од Apple велат дека нема провизии или минимални депозити за одржување на штедна сметка, а наградите што корисниците ги собираат под името Daily Cash автоматски ќе се кредитираат на штедната сметка за која ќе се грижи Goldman Saks. Штедната сметка на Apple ќе биде поврзана со сите функции на Apple Pay и Apple Wallet.
Каматните стапки на штедење од четири и повеќе отсто, беа невидени во САД до пред една година. Сепак, тоа се промени откако централната банка FED почна да ги зголемува каматните стапки со цел да ја скроти инфлацијата, пренесува tportal.
Помалите локални банки сега нудат каматни стапки на депозитите од повеќе од пет проценти, додека големите банкарски групи продолжија да одржуваат многу ниски каматни стапки. Просечната каматна стапка на американските штедни сметки е само 0,37 отсто.
Apple ја нуди својата штедна сметка преку Goldman Sachs, а средствата се осигурани од FDIC или Федералната корпорација за осигурување на депозити. Тоа значи дека неговите сметки се генерално федерално осигурани до 250.000 долари по депонент.