Во Домот на културата во Струмица се одржа граѓанска трибина на тема „Мозочни удари – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“.
На трибината се обратија д-р Миле Гогов и д-р Лазе Манев, кои говореа за ризик факторите и важноста од навремено препознавање на симптомите. Во своите излагања тие укажаа и на значењето на превенцијата и раната интервенција.
Посебен гостин беше претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, кој ја нагласи потребата од поголема едукација на граѓаните и сподели искуства од неговата долгогодишна медицинска пракса.
Организаторите најавија дека слични активности ќе продолжат и во иднина со цел подигање на свеста за здравјето и превенцијата.























