strumica denes logo

ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15: Еве колкави се сумите што ќе ги добијат работниците годинава!

Автор:

Датум:

ноември 2, 2025

Автор:

Датум:

ноември 2, 2025

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) веќе започна кај некои компании, иако крајниот законски рок е 31 декември. Некои фирми, кои имаат можност, го исплаќаат К-15 уште од јули.

По одлуките на претходната власт, регрес добиваат и административците, по повеќе од две децении пауза.

Согласно законот, право на К-15 имаат сите вработени со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот.

Најмалата сума што може да се исплати годинава изнесува над 17.000 денари, што е 40 отсто од последната тримесечна просечна нето плата во земјата. Ако просечната плата продолжи да расте, минималниот износ за К-15 ќе се зголемува во согласност со тоа.