strumica denes logo

Трагедија во Струмица: Загина младо момче во тешка сообраќајка!

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

На 15.07.2025 во 23.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоцикоот излетал од патот и удрил во бандера.

Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.