На 19.05.2025 во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извор на информацијата: СВР-СТРУМИЦА