strumica denes logo

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Загина 13-годишно момче со електричен тротинет – Едно лице е приведено!

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Тринаесетгодишно дете го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, во кумановското село Черкези.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата се случила на 28 мај 2026 година околу 21:10 часот, помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од село Черкези.

По судирот, малолетникот итно бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекарите констатирале смрт.

Од полицијата информираат дека во 21:20 часот возачот на „мерцедесот“ бил лишен од слобода.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а се работи на целосно расчистување на случајот.