strumica denes logo

ТРАДИЦИОНАЛЕН МАКЕДОНСКИ АЈВАР – РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“!

Автор:

Датум:

септември 25, 2023

Автор:

Датум:

септември 25, 2023

Потребни состојки:

– црвени пиперки
– модри патлиџани 🍆
– лути пиперки по вкус 🌶
– масло
– сол 🧂

Подготовка:

🫑 Пиперките измиени и исчистени од семето, се печат убаво од сите страни и се ставаат убаво затворени во ќесе да отстојат некое време.
🍆 Модрите патлиџани нелупени и со рачка се печат.
Потоа и пиперките и патлиџаните се лупат убаво, па се мелат на машинка и се ставаат во голема шерпа на печка да се пржат.
🧂 Постепено се додаваат маслото и солта.
🌶 Доколку сте љубители на луто, ставете било каков вид на лути пиперки.
🥄 Постојано мешајте со бркалката да не ви загори.
🕑 Отприлика потребни се 2 ипол до 3 часа да биде готов. А потоа, уште додека е врел се собира во тегли, кои веднаш се затвараат и се ставаат во фурна теглите да се вакумираат убаво, или по традиционален старски начин се завиваат во ќебиња да ја задржат топлината и да се вакумира.

П.С. Задолжително е топење со топол леб на остатокот ајвар од шерпата во која се пржеше, по можност со убаво малешевско сирење. Топ комбинација! 👌

Видео: