Славе Андонов, градоначалник на општина Василево:
🤝По претходно потпишаниот договор со Независниот синдикат на полицијата, претставуван од претседателот на НСП СВР Струмица, Миле Милески и претседателот на НСП ПС Струмица и ПО Ново Село, Славе Стојанов, а на предлог на старешини во ПС и БПС Струмица, беше доделена плакета за најдобар полициски службеник на територијата на Општина Василево, на Панче Партиков од Едрениково.
✅На Партиков, му посакав наградата да му биде дополнителна мотивација за континуитет во залагањата за уште поуспешно спроведување на неговите секојдневни обврски во насока на подобрување на безбедноста на општина Василево и неговата работа да биде стимул и за останатите негови колеги полицајци од општина Василево, кои заедно се одговорни за безбедноста на сите граѓани.
✅Му посакуваме многу успех во иднина на професионален и приватен план.