Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, информираше дека за заменик градоначалник на општината е именуван Томе Ѓоргиев.
Според Андонов, изборот е направен со цел да се зајакне тимската работа и да се обезбеди уште поефикасна реализација на програмските определби на општината. Во објавата се наведува дека Ѓоргиев, со своето искуство, одговорност и посветеност, се очекува да даде значаен придонес во унапредувањето на работата на општинската администрација и спроведувањето на активности во интерес на сите граѓани.
Од Општина Василево посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со посветена и одговорна работа, со фокус на развојот на општината и подобрување на условите за живот во сите населени места.























