ТЕШКО ПОВРЕДЕНО 17 ГОДИШНО МОМЧЕ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КОЈА СЕ СЛУЧИЛА ПОМЕЃУ ЕДНОКУЌЕВО И МОНОСПИТОВО!

јуни 9, 2023

На 08.06.2023 во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Еднокуќево и Моноспитово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 307“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б.(29) од село Еднокуќево и мопед без регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од село Еднокуќево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: