На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Тешко повреден е 16-годишен мотоциклист од Струмица, се судри со автомобил!




























