strumica denes logo

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО МУРТИНО: ДВАЈЦА 14-ГОДИШНИЦИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА МОТОЦИКЛ И ТРАКТОР

Автор:

Датум:

октомври 18, 2026

Автор:

Датум:

октомври 18, 2026

Двајца 14-годишници од селото Банско се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 16 октомври, во 12:30 часот, во струмичкото село Муртино.

Според полициските информации, во несреќата учествувале трактор „ИМТ 533“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.Т. (57) од Муртино, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолетник од Банско.

Тешко повредени се малолетниот возач и неговиот сопатник, исто така на возраст од 14 години, од истото село. Тешките телесни повреди кај двајцата биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.