Сериозни слабости во системот за евидентирање на деца кои се корисници на дрога и ограничени услови за нивни третман и рехабилитација, покажува последното истражување на Народниот правобранител. Најмладиот корисник на дрога има помалку од 6 години и бил евидентиран во 2023- та година на Универзитетската клиника за детски болести. Различните податоци на различни институции се помалку збунувачки за да имаме јасна слика за состојбата, смета Бајрамовска.
„Кога би постоела меѓуинституционална соработка за конкретен случај ќе можеме да зборуваме за единствени бројки, а не да се сомневаме за евентуално поклопување на бројките. И токму во таа насока една од препораките е подобрена институционална соработка и нејзино јакнење. И затоа ги споменав сите значајни алки во следењето, пристапот и правото на здравствена заштита на деца кои се корисници на дроги и психотропни супстанци“, изјави Васка Бајрамовска Мустафа, заменик народен правобранител.
Во здравствениот и социјалниот систем не постојат специјализирани центри и кадар за третман на зависност кај деца. Народниот правобранител утврдил случај во кој Министерството за здравство дискриминирало деца корисници на дроги, со тоа што не овозможиле соодветен третман.
„И дека најчесто токму поради ваквата состојба, бидејќи здравствените установи од другите градови, како што беше посочено во анализата ги упатуваат во клиникте во Скопје и тоа во Клиника за психијатрија и на Токсикологија. Но, тука се дејствува само моментно, надминување на состојбата кај детето, затоа што нема друга мерка за преземање на третман на детето, евентуално одвикнување, рехабилитација, грижа, итн. И се се сведува на доаѓање, прочистување, давање на некаков лек за смирување и толку“, додава Бајрамовска Мустафа.
Целосната вест може да ја погледнете на ТЕЛМА.