strumica denes logo

ТАШЕ ПЕФЌЕВ ЈА ОТВОРИ ИЗЛОЖБАТА „ДИПТИХ“ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

декември 22, 2025

Автор:

Датум:

декември 22, 2025

Младиот струмички уметник Таше Пефќев ја претстави својата нова самостојна изложба „Диптих“, која беше отворена во „Арти Бранч Кафе“ во Струмица.

Преку внимателно избалансирани тонови, форми и ритам на композицијата, Пефќев го истражува мотивот на двојноста – во човековата природа, просторот што нè опкружува и секојдневните појави. Формата „диптих“ во овој циклус функционира како паралелно раскажување: две целини што се надополнуваат или отвораат различни читања, иако остануваат самостојни.

Отворањето привлече љубители на уметноста од Струмица и регионот, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современата естетика и препознатливиот авторски израз на Пефќев.