strumica denes logo

ТАНКИЦА СТОЈАНОВА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ И КАТЕРИНА ПАЛИФРОВА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИСКИОТ ОДБОР НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ!

Автор:

Датум:

септември 7, 2025

Автор:

Датум:

септември 7, 2025

На последниот состанок на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал за нов претседател беше избрана Танкица Стојанова – млад актер во Струмичкиот театар, активен член на Црвениот крст и препознатлив лик за струмичката јавност од областа на културата.

За потпретседател на Струмичкиот карневал, пак, беше избрана Катерина Палифрова – професор по англиски јазик и долгогодишен учесник во карневалската традиција на Струмица.

Со ова, новиот карневалски одбор ја презема одговорноста за организацијата на еден од најзначајните настани во градот, кој со децении ја негува и промовира струмичката културна традиција. Струмичката јавност им посакува многу успех и креативност во претстојните подготовки и реализација на карневалските манифестации. 🎭