Танцовото студио One Way со настап на Family day во Струмица!

октомври 25, 2019

Локалното танцово студио One Way со нов настап во Струмица во недела, 27 октомври во градскиот парк. Неколку различни танцови групи ќе ја збогатат програмата на првиот Adient Family Day во организација на aгенцијата Евентум. Најавена е богата четиричасовна бесплатна програма од отворен карактер за сите возрасти. На сцена кај Чешмичката свој концерт во два дела ќе одржи и поп-пејачката Александра Јанева. Семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“ ќе започне од 11:30 часот. За најмалите ќе биде поставено креативно уметничко катче, збогатено со многу детски игри, боенки, суперхерои, маскоти. На најактивните деца и родители ќе бидат доделени бројни награди

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ