strumica denes logo

ТАКА ТРЕБА И ВО МАКЕДОНИЈА: Данската Влада официјално забрани деца помали од 15 години да користат социјални мрежи!

Автор:

Датум:

ноември 12, 2025

Автор:

Датум:

ноември 12, 2025

По примерот на австралиските власти, кои лани воведоа забрана за користење на социјални мрежи за деца под 16 години, и Данска најави дека ќе забрани деца под 15 години да го прават истото, пренесува „Ројтерс“.

Родителите ќе можат да дозволат на помлади деца од 13 години пристап до одредени платформи. Овој потег следува по повикот на премиерката Мете Фредериксен во нејзиниот говор при отворањето на парламентот минатиот месец за воведување ограничувања на социјалните мрежи за деца, поради загриженост за менталното здравје на младите.

„Т.н. социјални мрежи се хранат со одземање на времето, детството и доброто чувство на нашите деца. Ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација, Каролине Стаге Олсен.

Претставниците на Собранието изјавија дека ќе го поддржат овој план. Децата во Данска најмногу користат се Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok. Според анализа на Данската агенција за конкуренција и потрошувачи од февруари оваа година, младите во оваа нордиска земја во просек поминуваат 2 часа и 40 минути дневно на социјални мрежи.

Сè повеќе земји преземаат слични чекори за ограничување на пристапот на малолетници до овие платформи. Австралија стана првата земја што усвои национален закон со кој се забранува отворање профили на социјални мрежи за лица под 16 години, како дел од поширока реформа за „онлајн безбедност“ насочена кон заштита на менталното здравје и ограничување на зависничките алгоритми. Законот, кој ќе стапи во сила во 2025 година, ги обврзува платформите како TikTok, Instagram, Snapchat и X (поранешен Twitter) да воведат механизми за проверка на возраста и да ги отстранат профилите на помладите корисници. Франција веќе воведе правило за задолжителна родителска согласност за корисници под 15 години, додека Норвешка подготвува закон со кој ќе го зголеми минималниот праг на возраст на 15 години. Иако мерките се разликуваат по обем, сите имаат заедничка цел — да се намали изложеноста на децата на штетна содржина, социјален притисок и ризици по приватноста. Во други земји, Холандија неодамна издаде официјална препорака децата под 15 години да не користат TikTok, Instagram и слични платформи, иако оваа насока засега нема законска сила.