СВР-СТРУМИЦА ЗА СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА НА ИЗЛЕЗОТ ОД МУРТИНО: 20 ГОДИШНО МОМЧЕ ИЗГУБИЛО КОНТРОЛА НАД ВОЗИЛОТО И ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ!

октомври 5, 2022

На 04.10.2022 година во 13.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од село Банско кон село Муртино, струмичко, Џ.Е.(20) од село Банско, управувајки патничко возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот У.М.(20), кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а возачот и сопатникот И.И.(20) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ