Отсекот за превенција при СВР Струмица, вчера и денеска, во Средното општинско училиште “Никола Карев“ во Струмица реализираше едукативни работилници со учениците од втора и од четврта година од училиштето.
Тематски работилниците беа насочена кон заштитата на младите од злоупотребата на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори, кон безбедносните, здравствени но и законските последици што оваа криминогена појава ги продуцира.
Притоа, низ едукативно-информативната презентација втемелена на практични и стручни искуства во текот на полициското работење учениците беа запознаени со мноштво аспекти од проблематиката на злоупотреби на дроги.